УСЛУГИ

КОНСАЛТИНГ
Идентификација и правилно менаџирање на даночниот ризик, минимизирање на даночна изложеност, позиционирање на реалните даночни позиции во согласност со сите законски барања и прописи
Финансиската длабинска анализа (Financial Due Diligence) односно детална финансиска процена на тековната финансиска состојба на компаниите, која ја вклучува и можноста за генерирање профит во блиска иднина.



СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ
• Водење на деловните книги
• Собирање и процесирање на сите документи
• Евидеција на трошоковна благајна
• Водење и ажурирање на регистар на основни средства
• Усогласување на фактичка со сметководствена состојба на средства обврски и капитал
• Месечни / квартални / годишни финансиски извештаи
• Изготвување на пробен биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба, преглед на парични текови
• Извештаи за добавувачи, купувачи и инвеститори
• Финансиски извештаи и објаснувачки белешки за
потребите на консолидација
• Пресметка на плати и поврзани даноци и придонеси
• Подготовка на платни листи

ФИНАНСИСКИ
МЕНАЏМЕНТ
Изработка на бизнис планови кои им овозможуваат на компаниите да ги дефинираат своите стратегии, цели и начини за постигнување на успех
Помош при аплицирање за разни финансиски услуги
Комплетен процес кој КФК го води при аплицирање за разни видови на финансиски услуги со цел подоб рување на процесите на работењето на компаниите.



ИНВЕСТИЦИИ
Инвестициски проекти се специфични проекти кои се изведуваат со цел да се постигне финанска или економска корист. Тие можат да бидат различна природа и обем, од мали проекти како што се отварање на нова продавница, до големи инфраструктурни проекти како што се изградба на автопат или хидроелектрана.
Работниот капитал е важен аспект од финансиското управување и се однесува на достапните средства кои се користат за финансирање на тековните операции и задоволување на краткорочните финансиски задолженија на организацијата. Еден од деловните модели за работен капитал е работа на одобрување на кредитни рамки, што е процес кој овозможува организацијата да ја искористи достапната кредитна линија од банка или други финансиски извори.

КОНТРОЛИНГ
Изработка на контролинг систем за компании
Контролингот во компаниите се однесува на процесот на контрола, анализа и управување на финансиските и оперативните аспекти на бизнисот. Целта на контролингот е да се обезбеди ефикасно и ефективно функционирање на компанијата, постигнување на поставените цели и подобрување на финансиските резултати.
